-->
-->
Град Скопје: Државниот градежен инспекторат да го отстрани постаментот со двоглав орел
-->
Од Град Скопје соопштија дека упатиле официјално барање до Државниот градежен инспекторат за отстранување на постаментот, затоа што е поставен без никакво известување и дозвола
Непознати лица поставија двоглав орел на кружниот тек во скопската населба Топанско Поле.
Од Град Скопје соопштија дека упатиле официјално барање до Државниот градежен инспекторат за отстранување на постаментот, затоа што истиот е тој без никакво известување и дозвола.
„Во врска со поставувањето на постамент на кружниот тек помеѓу улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“, Град Скопје веднаш по почетокот на изградбата на постаментот од страна на непознати лица, упати официјално барање до Државниот градежен инспекторат за негово отстранување“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Оттаму изразуваат надеж дека инспекторатот во најбрз можен рок ќе го разреши овој случај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ