Град Скопје: Брзата реакција на пожарникарите не дозволи да има жртви во пожарот
На денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот Парк првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета.
Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот.
Скопските пожарникари досега многупати ја докажаа својата професионалност и пожртвуваност, а ваквите обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ никому не прават добро, туку напротив, само покажува непочит кон скопските херои.
ГРАД СКОПЈЕ
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции