Град Скопје: Авионите не бучат како порано, затоа граѓаните мислат дека не се прска
Градските служби реализираат активности против наездата на комарци, напротив коментарите на социјалните мрежи кои прикажуваат незадоволство кај граѓаните, вели портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху.
Тој вели дека граѓаните се во заблуда и дека Скопје редовно се прска против комарци, но новите авиони не се толку бучни како претходните и затоа не се слуша.
- Деновиве гледам дека голем број од граѓаните не се соодветно информирани во врска со активностите кои ги има спроведено градот во врска со прскањето против комарци. Процедурите и користеното средство се тие истите како и до сега. Новитет ова година се авионите кои не бучат како тие претходните, и претпоставувам дека тука е и збунката зошто луѓето мислат дека не се прска- вели Салиху.
Според него до денеска спроведени се две фази од вкупно 5 или поточно вкупно 18 денови прскање. Следната (трета) фаза почнува овој викенд, а во текот на август (најдоцна почетокот на Септември) се очекува да се заврши со сите 5 фази (ако временските услови го дозволуваат тоа).
Точниот редослед на активностите:
Фаза 1:
– Од 3ти до 7ми Јули, од земја е прскано против возрасни форми на комарци (5 дена)
– 7ми и 8ми Јули, од авион е прскано против возрасни форми на комарци (2 дена)
– 14ти Јули, прскано е против ларви од комарци од авион (1 ден)
– 16ти Јули, прскано е против ларви од комарци од земја (1 ден)
Фаза 2:
– 21ви и 22ри Јули, од авион е прскано против возрасни форми на комарци (2 дена)
– Од 22ри до 26ти Јули, од земја е прскано против возрасни форми на комарци (5 дена)
– 6ти Август, прскано е против ларви од комарци од авион (1 ден)
– 7ми Август, прскано е против ларви од комарци од земја (1 ден)
Ново на Сител
-
Кривична против седум лица поради „местење“ на фудбалскиот натпревар ФК „Кожуф“- ФК „Башкими“
-
Зеленски бара тројна средба по самитот Путин–Трамп на Алјаска
-
Десетици илјади Украинци во САД од денеска без правна заштита и под ризик од депортација
-
Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина
-
Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор
-
УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Кривична за поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар
-
Црногорската полиција трага по македонски државјанин осомничен за обидот за убиство на Марко Љубиша Кан во Будва