-->
-->
Грабул и Србљак во борба за шампионската титула
-->

Во финалето кај мажите на државното првенство во тенис ќе играат Димитар Грабул и Горазд Србљак. Грабул очекувано го совлада Марио Герасимовски со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2), додека Србљак беше поуспешен од Шендрит Деари со 2-0 (7:5 и 6:4).
Во женското финале ќе играат Катарина Маринковиќ и Ана Ристевска. Маринковиќ во полуфиналето со 2-1 вос етови ја победи Теона Велковска (4:6; 6:2 и 6:1), додека Ристевска беше подобра од Марија Еленова со 2-0 (6:3 и 6:4).
Почетокот на женското финале е во 10 часот, додека машкото финале нема да почне пред 12 часот.
Финалните мечеви како и целиот турнир од државното првенство се игра на терените на ТК Југ во Градски парк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
