Македонија
29. December 2025 - 18:46

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

 АМСМ информира дека ГП Евзони (Богородица) од 17 часот е затворен за сообраќај на сите видови возила.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

МИА