Гостување на Битолски театар и две соло-претстави вечер на МОТ
Битолскиот театар вечер пред скопската публика од 20 часот во Македонската опера и балет ќе ја изведе својата најнова претстава - „Но(е)ва Македонија“ која на матичната сцена премиерно ја изведе во јули во режија на гостинот од Србија Кокан Младеновиќ.
Авторскиот проект „Но(е)ва Македонија“ е ангажирана општествена сатира чија цел е да ги истражи механизамите на политичката грандоманија, манипулација, злоупотребата на историските документи и фалсификување на историските факти, што се во интерес на одредена група луѓе.
Српскиот режисер Младеновиќ по повод премиерата пред два месеца изјави дека заедно со актерската екипа се обиделе во претставата да бидат комични, а во вториот дел - сериозни и да понудат драма.
- Се навикнавме на политичките елити кои наместо народот се претставуваат самите себе и својот капитал, сервираат идеи од кои страдаат невини луѓе, а ним им е се подобро и подобро. Со оваа претстава сакаме да испратиме потсмев и да спречиме некои нови изопачувачања на историјата, рече Младеновиќ.
На МОТ вечер се и „Прва алтруистична претстава“ - соло-проект на Марко Булц од Љубљана (МКЦ, сала „25 Мај“ од 21 часот) и британската „Пасија по Биби“ во режија и изведба на Петар Милошевски (Кино Култура од 22.30 часот).
„Првата алтруистична претстава“ произлегла од фрустрацијата на Булц и незадоволството со повеќе авторски проекти (вклучувајќи ги и своите), што се некажани, неправедни и од слични ситуации каде што другите се експлоатираат за себепромоција и си го јакнат уметничкото его.
„Пасија по Биби“, пак, е претстава за секс-робот. - Луѓето ја изгубија идејата за несебично да го понудат своето тело. Затоа ја измисливме иднината на сексот... Без разлика на вашата сексуалност или пол, со Биби покрај вас, никогаш повеќе нема да се чувствувате неисполнети, пишува во највата за соло-проектот на Милошевски.
На премиерата на годинашниот „Camden Fringe Festival“ во Лондон „Пасија по Биби“ беше селектирана во топ 10 претстави според Time Out London и London’s Evening Standard.
Ново на Сител
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд
-
Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
-
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
-
М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање