-->
-->
Гостиварец со вешта измама олеснет за 300 евра, двајца измамници му „продале“ ваква приказна
-->
Вчера, Ф.М. (65) од с.Врапчиште, гостиварско, пријавил измама од две непознати лица.
Околу 11.30 часот во паркот на ул. „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Косово и побарало да му помогне да се разберат со друго лице, наводно од Дубаи, а со кое претходно имале сообраќајна несреќа.
Притоа, лицето му побарало пари за да купи златен часовник од странецот кој чинел 2000 евра.
Тогаш Ф.М. му дал 300 евра, го зел часовникот и по подолго чекање да се вратат сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила