Гостиварец празнел туѓи кредитни картички, еве што си купувал
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство-Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Р. за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
Ф.Р., како што соопшти МВР, со намера да се стекне со противправна имотна корист во октомври минатата година со фалсификување платежни картички на странски државјани купувал мобилни телефони преку интернет продажба.
Пријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист на интернет прибавил банкарски податоци од вистински платежни картици, односно од носителите на странски платежни картици, со кои извршил повеќе успешни нелегални трансакции на интернет страница при што на 21.10.2016 година купил три мобилни телефони. На овој начин пријавениот Ф.Р. извршил една успешна нелегална трансакција во вредност од 183.597 денари со што сторил кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ согласно член 274-б ст.3 вв ст.2, предвидено и казниво според Кривичниот законик на Република Македонија.
Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика од Ф.Р. бил одземен еден од трите мобилни телефони кој бил доставен и нарачан со фалсификувана платежна картичка.
Од анализата на вештачењето од неговиот личен мобилен телефон претходно одземен со потврда за привремено одземени предмети било констатирано дека пријавениот преку социјалните мрежи остварувал комуникација со други лица во врска со извршување на нелегални трансакции со фалсификувана платежна картичка, како и околу порачки со истите платежни картички на компјутерска опрема и мобилни телефони. Исто така во комуникацијата зборувал за нелегалната трансакција со која се поврзани трите мобилни телефони и дека во иднина ќе продолжел да ги нарачува.
Ново на Сител
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп
-
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор