Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80

Вчера (19.04.2026) во 18:50 часот на патот Гостивар - Тетово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена беше брзина на движење на патничко возило ,,мерцедес" со гостиварски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Возилото е одземено а возачот К.И.(44) од Гостивар ќе се соочи со законски предвидената санкција, согласно одредбите од член 297-а и 300-б од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
Управувањето на возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
