-->
-->
Гостиварец оперирал низ Охрид, со кражби на се и сешто до плен од 3.000 евра
-->
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с. Дебреште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени 12 кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот ги сторил делата во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид.
Со употреба на алат и сила влегувал во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во
самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони, од каде одземал пари и разновидни предмети.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 40.900 денари и 2600 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега