-->
-->
Гостиварец нападнал полицаец кога му кажал дека возилото го паркирал на пешачки премин
-->
Гостиварец физички нападнал полицаец кој му укажал дека возилото го паркирал на пешачки премин.
СВР Тетово соопшти дека полицаецот бил нападнат вчера на крстосницата на улиците „Мајор Чеде Филиповски“ и „Браќа Ѓиновски“ додека го регулирал сообраќајот.
- По кусата вербална расправија, 69-годишниот гостиварец М.А го нападнал полицискиот службеник, удирајќи го неколку пати по рамото, откако претходно го оставил возилото „голф“ со гостиварски таблици на пешачки премин, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Гостиварецот е уапсен и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година