Гостиварец баран со меѓународна потерница уапсен на преминот Ќафасан
Македонски државјанин баран со меѓународна потерница притворен е на граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга.
Според албанската полиција по Аднан Д.(47) потерница била распишана од италијанските власти кои го товарат за кривичните дела „структурирана криминална група“ и „производство и продажба на наркотици“.
– Службите на граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез во Република Албанија, овозможија апсење на Аднан Д. жител на Гостивар, Северна Македонија. Судот во Торино, Италија, му има изречено безбедносна мерка притвор, наведува полицијата.
Додава дека Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Рим, ги следи процедурите за екстрадиција на овој македонски државјанин во Италија.
Ново на Сител
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
-

Дневната програма на „Виноскоп“ одложена за утре поради врнежи
-

Владата на Тајван по предупредувањето од Трамп: Островот е независна нација
-

САД планираат да поднесат обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година
-

Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка
-

Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан
-

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето
