Гостиварчанка со измама зела земјоделски субвенции
Обвинителството од Гостивар до надлежниот суд достави предлог за издавање казнен налог против 41-годишна жителка на селото Топлице која со измама добила земјоделски субвенции.
„Обвинетата, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица Гостивар, поднела барање за субвенции за 2021 година во кое навела невистинити податоци. Нерегуларностите во поглед на бројната состојба и ушните маркици на стоката биле утврдени при контрола од овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој спроведена на 16 септември“, информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител предложи на обвинетата да и биде определена парична казна од 10 до 100 дневни глоби.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски