-->
-->
Гостивар: Приведени четири лица за шест тешки кражби
-->
Полициски службеници на СВР Тетово - ОВР Гостивар, вчера во периодот од 13:30 до 16:40 часот, на улица „18 Ноември“, булевар „Браќа Ѓиновски“, улиците „ЈНА“ и „Борче Велјановски“ во Гостивар ги лишиле од слобода лицата со иницијали Е.А.(19), Л.Х.(20), З.А.(20) и еден малолетник, сите од Гостивар.
Од МВР информираат дека лицата се сомничат за сторени шест тешки кражби во станови. Одземените предмети биле пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.
Лицата, како што е наведено во соопштението од МВР, се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
-
Укината целосната забрана за движење во шума
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар