Гостивар дел од акцијата Македонија без отпад-2016

Средношколци, основци и вработени во општинската администрација се приклучија на акцијата за собирање отпад од јавни површини низ Гостивар како дел од проектот „Македонија без отпад-2016“. Денеска се собираа отпадоци во градскиот парк. Акцијата која започна на пладне се реализира во соработка помеѓу Советот на млади и асоцијацијата „Ајде Македонијо".
- Гостивар е чист град и локалната самоуправа посветува големо внимание на чистотата. Сепак со оваа акција сакаме да дадеме придонес кон оваа глобална акција која се спроведува во повеќе градови низ Македонија и јавно да покажеме како се спроведува грижата за чиста околина, рече Пајтим Саити од општина Гостивар.
Денешната акција за собирање отпад во Гостивар се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мибилитас (Цивика Мобилитас).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
