Македонија
25. јуни 2022 - 11:51

Гостивар: 67-годишник со „голф“ удрил дете

Вчера во 18.50 часот во Гостивар, на бул.„Браќа Ѓиновски“, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(67) од Гостивар удрило во малолетен пешак од Гостивар.

Како што пренесува МВР, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар, а увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.