Горивата поскапуваат - Ова се новите цени
Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата. Бензините поскапуваат за 0,50 денари, а дизелот за 2 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 58 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 60 за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.01.2016 година.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 41,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 29,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 25.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,246 ден/кг.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори