Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 75,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,010 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,057 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,990 отсто, кај дизелот за 4,345, кај екстра лесното масло за 3,773 и кај мазутот за 0,554% отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,3996 отсто во споредба со претходната пресметка.
МИА
Ново на Сител
-   
           Рокас: Кога жените водат, мирот трае
-   
           Во штипскиот Затвор утре право на глас имаат 92 осуденици од 23 општини
-   
           Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
-   
           Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека
-   
           Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени
-   
           Мицкоски: Вториот изборен круг нека биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста
-   
           Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта
-   
           За викендот стабилно и суво, од понеделник дожд




