-->
-->
Горива, новата методологија објавена во службен весник
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/may/gerhrtsh-220631.jpg?itok=yhLSKBgi)
Новата малопродажна маржа е 4.6 денари, трошокот за транспорт во државата ќе изнесува 0.75 денари. Сите анализи кои ги правевме во изминатиов период укажуваат дека со новата методологија цените на нафтените деривати, споредено со претходната методологија, се намалуваат во зависност од периодот од 1 до 2 денари. Имало и периоди кога имало драстични промени на светските берзи“, рече Марко Бислимовски, претседател на, Регулаторна комисија за енергетика, oбјави Аласт.
Со заработката од 4,6 денари за продаден литар која ќе ја добиваат, трговците на нафта не се задоволни, вели Бислимовски, затоа што тие барале да заработуваат од шест до шест и пол денари.
Им даваме реален разумен профит. Ние по сите регулирани дејности за коишто определуваме цени профитната маргина изнесува, во зависност од годината и дејноста од пет до седум отсто. Ние и сега се држиме во рамките на овие проценти“, додава Бислимовски.
Со ова практично завршува двонеделниот либерализиран пазар на нафта и нафтени деривати во земјава во кој компаниите од овој сектор самите ги определуваа малопродажните цени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино