Гори планината Готен на тромеѓието на општините Берово, Василево и Радовиш
Во Беровско гори планината Готен, сите сили од земја и воздух се ангажирани во справување со огнената стихија, вели Димитар Гошевски командир на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) - Берово. Тој посочи дека зафатена е поголема површина, а во моментов тешко пристапниот терен и ветерот им прават дополнителни проблеми при гаснењето на пожарот.
- Oд вчера пожарот од струмичко е навлезен во Берово, поточно на планината Готен. Од страна на ТППЕ- Берово е излезено на терен, како и Македонски шуми, имаме подршка и од Армијата. Ветерот си го прави своето, голема е огнената линија. Се става се што може под контрола, мегутоа огнената линија е голема. Се работи за нискостеблеста дегредирана, букова шума, дел дабова шума, различен е теренот, вели Гошевски.
Во реонот каде што гори шума има викендици, пчеларници, стари колиби.
- Пожарот е точно на тромеѓејто помеѓу Општина Берово, Општина Василево и Општина Радовиш, а истиот е навлезен во наведените општини, вели Гошевски.
Тој додаде дека на терен од страната на Берово има над 100 лица, од институциите и доброволци. Колкава површина е изгорено ќе се утврдува дополнително.
МИА
Ново на Сител
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората при ССК
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партнер на младите
-
Балистите скандираа “Голема Албанија”, функционерите не ги осудија
-
Ќе се подобрат ли условите во болницата во Бардовци по фаталната тепачка?
-
Гаши ќе ги распише изборите петок или сабота, очекува фер и демократска атмосфера
-
МНР без предлог за амбасадор во Атина, во моментов 24 амбасадорски места се празни
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски да даде оставка