Гори борова шума во Пехчевско
Попладнево избувна пожар кај месноста Ормане во Пехчево, покрај регионалниот пат Делчево-Пехчево, кој поради сувата трева и силниот ветар се заканува да уништи големи површини борова шума.
Според информацијата на директорот на Подружницата на ЈП „Македонски шуми“ во Пехчево, Борче Бојчевски, пожарот е пријавен околу 16:30 часот, а на теренот за гаснење се ангажирани сите вработени во Подружницата и ТППЕ од Берово.
- Ситуацијата е опасна, бидејќи се е суво, а дува силен ветар кој предизвикува пожарот да се шири со голема брзина. Во моментов сме ги ангажирале сите човечки ресурси од нашето претпријатие, како и од ТППЕ од Берово, за да се обидеме да го локализираме и да спречиме кататстрофа од поголеми размери, рече Бојчевски.
Димитар Букушовски, командир од ТППЕ Берово потенцираше дека противпожарни екипи се на терен и дека се уште не може да се каже со сигурност за колкава површина се работи.
- Ние правиме натчовечки напори, за да го пресретнеме пожарот, но ситуацијата е опасна и во овој момент не можеме да кажеме колкава површина е зафатена, но факт е дека гори борова шума и дека пожарот се шири доста брзо. Според првичните информации пожарот започнал од асфалтниот пат при што се проширил во шумата, истакна Букушовски.
Ново на Сител
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово