-->
-->
Гори борова шума во близина на појасот меѓу општините Делчево и Пехчево
-->
Гори борова шума во близина на појасот меѓу општините Делчево и Пехчево. Пожарот е пријавен од страна на совесни граѓани, а го потврдија од Територијалната противпожарна единица во Делчево, од каде информираат дека на терен се повеќе противпожарни екипи од регионот кои учествуваат во негово гаснење.
-Дојавата за пожарот ја примивме околу пладне, по што наши екипи заедно со пожарникари од Берово се упатија кон опожареното подрачје и учествуваат во гасење на пожарот. Првичните информации се дека е зафатена борова шума во атарот на месноста Пасјак, но во текот на денот ќе излеземе со подетални информации, информираа од ТППЕ Делчево.
Миле Тодоровски од делчевската противпожарна служба информираше дека до пред денешниот ден единицата нема регистрирано поголеми пожари, а од почетокот на годината досега ТППЕ Делчево интервенирала во вкупно 14 пожари.
-Во изминатиот период имавме пожари од помал обем, генерално тоа беа интервенции на запалени возила и куќи, истакна Тодоровски.
Апелираше и покрај малиот број интервенции граѓаните во период кога се бележат екстремно високи температури, да се воздржуваат од палење оган на отворен простор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
