Гореше станбена зграда во Македонска Каменица

Гореше станбена зграда во Македонска Каменица и по неколку часа драматична состојба пожарот беше локализиран.
Пожарот избувнал вчера попладне околу 14 часот во еден од становите на 4 кат од зградата, се проширил на кровната конструкција и за кратко време го зафатил целиот покрив на зградата.
Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Македонска Каменица, кои побарале помош и од делчевските пожарникари. Според информациите на командирот од ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски, делчевските пожарникари веднаш по дојавата пристигнале на местото на пожарот и по брзата интервенција пожарот е локализиран.
– Ние веднаш пристигнавме со возило и го локализиравме пожарот на кровот, не дозволивме да се префрли на соседните згради, ниту да зафати повеќе станови, а потоа и го изгаснавме, рече Атанасовски.
Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е предизвикан од неисправна електрична инсталација.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
