Македонија
6. March 2017 - 13:37

Гореше стан во Крива Паланка - повредена една жена

Пожар предизвикан од плинска боца во стан во Крива Паланка опожари поголем дел oд објектот, а 59-годишната жена (Н.Н) која живеела во станот се здобила со изгореници од втор степен.

Дојавата за пожар во Територијална противпожарна единица Крива Паланка била примена вчера околу 13 часот и 37 минути во 14.10 е целосно изгаснат.

- Интервенирале две екипи со четворица пожарникари. Пожарот настанал при палење на шпорет поврзан со плинска боца, а опожарени се, кујната, трпезаријата, дневната соба и тоалетот, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Жената се обидела да го гасне пожарот при што се здобилa со изгореници и е префрлена со итна медицинска помош во здравствен дом, Kрива Паланка.

- Пациентката беше донесена на хируршко одделение поради опекотини на двете потколеници и двете подлактици. Опекотините се обработени по сите хиррушки принципи, направени се преврски и пациентката е хоспитализирана за понатамошно следење. Виталните параметри се во ред, информира доктор-хирург Грозде Спасовски,  раководител на Итна медицинска помош, Крива Паланка.

Пациентката се уште се наоѓа во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка. Според надлежните од ТППЕ, пожарот настанал од невнимание, а како причина се наведува отворен пламен од шпоретот. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува.и