-->
-->
Гореа три автомобили во Скопје
-->
Три патнички возила изутрината се опожарени на ул. „Мирослав Крлежа“ во Скопје, соопшти полицијата.
Во Единицата за информации и команда Скопје изутрината во 05:18 часот било пријавено дека на ул. „Мирослав Крлежа“ имало опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид. Од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки.
Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот. д
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
