Гордан Шутаров од СДММ: Мицкоски во тимот ангажирал и личност која се претставувала како исцелител
Христијан Мицкоски во својот тим ангажираше и со личност која се претставувала како исцелител.
Лазар Јовевски е стратешки соработник на Мицкоски од областа на трудовото право.
Истиот Лазар Јовевски своевремено му асистирал на самопрогласениот исцелитет и јасновидец Тино Кајшаров.
Низ медиумите кружат фотографии и видеа како Јовевски му помага на Кајшаров, односно ги придржува лицата кои паѓаат откако исцелителот ќе ги исцели.
Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ.
Појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.
Ништо не е сменето во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски продолжува со безидејност. Ангажира лица кои биле десна рака на самопрогласени исцелители и јасновидци, кои манипулирале со граѓните наводно лечејќи ги преку крајно сомнителни методи.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет

