Горбачов: САД станаа арогантни по распадот на Советскиот Сојуз
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов денеска изјави дека Вашингтон станал „арогантен и самоуверен” по распадот на Советскиот Сојуз, што доведе до проширување на НАТО.
Како може да се смета на еднакви односи со САД и Западот во таква позиција?, изјави Горбачов изјави за државната новинска агенција РИА Новости воочи на годишнината од неговата оставка како лидер на СССР.
Тој го истакна „триумфалното расположение на Западот, посебно на САД, откако Советскиот Сојуз престана да постои во 1991 година.
– Тие станаа арогантни и самоуверени. Прогласија победа во Студената војна, рече 90-годишниот Горбачов.
Тој потенцира дека Москва и Вашингтон „заедно” го спасија светот од конфронтацијата и нуклеарната трка.
– Не, „победниците” решија да изградат нова империја. Оттука и идејата за проширување на НАТО, додаде Горбачов.
Сепак, тој ги поздрави претстојните безбедносни разговори меѓу Москва и Вашингтон, при тоа истакнувајќи оти се надева дека истите ќе вродат со резултат.
Изминатите години, рускиот претседател Владимир Путин повеќе пати предупредуваше дека НАТО се приближува до границите на Русија, а Москва минатата недела побара „правни гаранции” дека Алијансата предводена од САД ќе го запре ширењето на Исток.
Ново на Сител
-

Комеморација за киднапираните и убиени Македонци во 2001 година во тетовско Непроштено
-

Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната
-

На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека 15 минути
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
