Горат куќи во пожарите во Австралија

Шумските пожари кои беснеат во австралиската сојузна држава Викторија веќе неколку дена зафатија живеалишта, соопштија денеска властите предупредувајќи дека прогнозата за „екстремна“ топлина за вториот дел од неделата може дополнително да ги поттикне шумските пожари.
Премиерката на Викторија Џасинта Алан потврди дека се уништени шест домови, додавајќи дека тоа е многу тешка вест за семејствата.
Покрај материјалната штета, настрада и добиток, а повеќе од 2.000 луѓе беа принудени да ги напуштат градовите на запад и да се упатат кон градот Баларат, 95 километри западно од главниот град на Викторија, Мелбурн.
Австралија се бори со временскиот феномен Ел Нињо, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се пожари, циклони и суши.
Во Викторија денеска горат повеќе од 15 шумски пожари. Најсериозниот пожар, рангиран како втор најопасен, гори во близина на неколку оддалечени градови, соопшти државната агенција за управување со вонредни состојби.
Алан рече дека постои „загриженост за времето оваа недела, особено од среда до четврток“.
– Она што веќе го знаеме е дека показателите се во екстремен опсег, рече таа и додаде дека надлежните служби ќе се состанат денеска за да ги планираат активностите за следната недела.
Последните две сезони на шумски пожари во Австралија се слаби во споредба со „Црното лето“ 2019-2020 година, кога шумските пожари го опустошија копното на Турција, убивајќи 33 луѓе и три милијарди животни, пренесува Хина.
Австралискиот премиер Ентони Албанез денеска вети дека ќе ја обезбеди сета поддршка неопходна за да и помогне на државата Викторија откако неколкудневните шумски пожари уништија домови, и откако властите предупредија дека екстремната топлина може да ги поттикне пожарите оваа недела.
– Ќе обезбедиме секаква поддршка што Викторија ќе ја побара, им рече Албанез на новинарите во градот Франкстон во Викторија.
– Тоа е потсетник за потребата од внимателност и континуирано дејствување против заканата од климатските промени, нагласи тој.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
