-->
-->
Горан Пандев се приклучи на македонската фудбалска репрезентација
-->

По две ипол годишна пауза од дресот на фудбалската репрезентација Македонија, најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, и официјално денеска се врати најдобриот тим.
Пандев го прифати повикот на селекторот Игор Ангеловски да биде дел од тимот кој во наредните ноколку дена ќе одигра два контроилни, пријателски натпревари против Словенија и Бугарија.
Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Џенова им се приклучи на останатите репрезентативци кои од денеска се во Копер каде в среда од 18 часот ќе ги одмерат силите со репрентацијата на Словенија.
„Чувствувам еден вид позитивна трема, а тоа значи дека овој репрезнтативен дух ми недостасувал. Среќен сум што повторно се ставам во функција на репрезентацијата. Поголем мотив за мене не постои. Се надевам дека сите ќе ја сфатиме својата задача и ќе бидеме вистински колектив. Атмосферата е навистина пријателска, треба да се трудиме да го подобриме рејтингот кој реално не го заслужуваме. Словенија е квалитетна селекција, мислам дека ќе биде добар натпревар. Последните натпревари за Џенова ги одиграв и го добив потребниот натпреварувачки ритам. Ќе се трудам да помогнам, се надевам дека во иднина сите ќе го дадеме придонесот за некои нови резултати во националниот тим“, вели Горан Пандев за официјалниот сајт на ФФМ.
За Пандев кој за Македонија досега има одиграно 75 меча и постигна 26 голови, ова ќе биде прв настап во црвено-жолтиот дрес, по мечот со мечот со Велс (11 октомври 2013 година) во рамките од квалификации за СП во Бразил, по што струмичанецот го пропушти целиот евроквалификациски циклус за Евро 2016 во Франција.
Враќањето на Пандев пред македонската јавност ќе биде вториот пријателски меч со Бугарија закажан за 29 март на арената „Филип Втори’’ во Скопје, на која за последен пат настапи на дуелот против Шкотска на 10 септември 2013.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
