Голомразица и снег на патиштата кон селата под Кожуф
Голомразица и снег има по патиштата кои водат кон неколку села под планината Кожуф. За ова денеска информираат од компанијата „Јами” од Кавадарци која од кавадаречката локална самоуправа беше избрана за зимско одржување на патиштата во општината.
- Проблемот го решаваме со фрлање сол по патиштата кои водат до повеќе села, меѓу кои и Бојанчиште, Страгово, Бохула, Чемерско, Рожден и Мајден, соопштуваат од „Јами”.
Оттаму додаваат дека снегот воопшто не ги изненадил и дека се целосно подготвени како со работници, така и со механизација, да ги одржуваат патиштата во зимски услови.
- Будно ја следиме состојбата на терен и ќе реагираме секаде каде што ќе биде неопходно и тоа во најскоро време, нагласуваат од компанијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот, да бидат внимателни и задолжително да ги почитуваат препораките за носење на зимска опрема.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила