Големо невреме над Скопје
Попладнево променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во периодот од 16:30 до 17:30 јака нестабилна келија имаше над Скопје, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и со правец на движење од запад кон исток. За овој краток временски период на мерното место Зајчев Рид се измерени 32 л/м2 дожд. Сега процесите во Скопската котлина се послаби, но и во наредните часови се очекуваат врнежи и поретка појава на грмежи. Во моментов многу јака конвективна келија има во подрачјето на Кавадарци и Неготино со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а според радарската слика најверојатно и со појава на град. Нестабилно е и во околината на Штип, западно од Пробиштип и околу Пехчево.
Погледнете го видеото поставено на социјалните мрежи
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ