Големо невреме ќе ја зафати Македонија
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови најпрво на југот и долж Повардарието ветерот ќе биде повремено засилен и ќе достигнува брзина и до 70 км/час.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе дува повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Утре попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, а врнежите од дожд ноќта во вторник према среда на места во западните делови од земјата и на планините ќе преминуваат во снег. Врнежите во северните делови ќе бидат нешто пообилни.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска