Големо невреме ја погоди и Албанија
Големо невреме, проследено со силен ветер, дожд, град и електрични празнења, ја погоди речиси целата територија на Албанија, предизвикувајќи поплави, материјална штета врз возила и објекти, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин, каде ветрот корнеше дрвја, што предизвика и застој во сообраќајот. Во неколку области се уште се работи на отстранување на паднатите дрвја од патот.
Прекин во сообраќајот имаше во Валона поради високото ниво на вода по улиците. Во овој, како и во другите приморски градови, невремето предвика голема матерјална штета на угостителските и други објекти, а има неколку полесно повредени лица.
Невремето е причина и за повеќе сообраќајни несреќи во кои се повредени повеќе лица. Во една од сообраќајките учествувало возилото на руската амбасада, при што полесно е повреден возачот на автомобилот. Во сообраќајка во близина на Подградец повредени се десет лица кои патувале со џип, што излетал од патот поради силното невреме и неприлагодената брзина на движење на условите на патот.
Во многу делови во земајта поради искинати проводници и паднати столбови има прекин во снабудвањето со електрична енергија.
Ново на Сител
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово