Балкан
14. July 2019 - 8:40

Големо невреме ја погоди Хрватска, паѓаше град со големина на лешник

Невремето почна во Загреб, а бури се очекуваат во цела Хрватска.

За целата земја е вклучен жолт метеоаларм, а за северна и средна Далмација портокалов. Низ Хрватско загорје протатни град.

Црн облак кој нагло стигнал за само неколку минути проследен со грмежи донесе град со големина на лешник кој интензивно паѓал десетина минути.

Слично невреме проследено со обилни врнежи, грмежи и град метеоролозите предивидуваат и за Србија..