Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер по пет дена ставен под контрола

Големиот шумски пожар во близина на турското летувалиште Кемер, во областа Анталија, по пет дена е ставен под контрола, напиша на Твитер турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакл.
Пожарот кај Кемер избувна околу 21 часот на 24 јули. Жителите од голем број куќи се евакуирани од безбедносни причини. Неколку лица се хоспитализирани поради испуштени гасови.
Во меѓувреме, денеска избувнаа шумски пожари во областите Истанбул и Мугла. Пожарот во близина на истанбулскиот кварт Султангази е ставен под контрола.
Пожарникарите во моментов се обидуваат да го изгаснат пламенот во близина на одморалиштето Фетије (област Мугла). Пет авиони и шест противпожарни хеликоптери, како и 15 противпожарни возила се вклучени во напорите за гаснење на пожарот, јавија турските медиуми.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
-

Нова комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“
-

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
