-->
-->
„Големиот победник“ за Македонецот Антиќ
-->
Македонскиот каратист Симон Антиќ, член на Карате клубот Макпетрол-Скопје денеска во Окинава, Јапонија на последниот турнир од 1 Светска Премиер Карате Лига, се закити со титулата „Големиот Победник“ за целата лига за 2015 година во категорија -84 кг.
Симон Антиќ со учество на турнирите во Париз, Ротердам . Истанбул, Хамбург, Салцбург и сега во Окинава со бодовното салдо кое го собра го освои првото место во категоријата -84 година и од страна на првите луже на светската Карате федерација беже прогласен за Голем победник на лигата која со овој турнир и завршува.
Бошко Заборски тренерот на Макпетрол изјави: Со освојувањето на овој Трофеј, ние на најдобро можен начин ја крунисавме цела 2015 година. Добивме најголемо признание за сите наши учества и ангажмани во текот на годината кои се вродија со плод. Томе Тодоровски, Наташа Стефановска, Симон Антиќ и Симона Заборска се Македонските каратисти кои во текот на оваа година освојуваа медали на ова престижно натпреварување.
„Сакам да истакнам дека за Карате клубот Макпетрол од почетокот на формирање на Светската лига до сега ова е вкупно трет трофеј од најголем сјај. Да потсетиме дека Наташа Илиевска во категоријата -55 кг и Жарко Арсовски во категоријата +84 кг, претходно имаат вакви титули, сега и Симон Антиќ се придружува на Македонските карате великани. Да се биде генерален победник во најелитното натпреварување од Светски рејтинг, е најпосакуваното нешто на секој каратист. Со ова постигнување нашата држава Македонија и клубот Макпетрол се става во редот на најуспешните држави кои учествуваат на ова елитно натпреварување во Светската 1 Премиер Карате Лигата“, рече Заборски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка