Големиот избор на облека може да му штети на здравјето

Веројатно секоја жена, а и голем дел од мажите, често наутро застануваат пред плакарот со облека и помислуваат: „немам што да облечам“.
Според експертите, оваа „модна криза“ не е затоа што немате што да облечете, туку затоа што имате премногу облека, па ви е тешко да донесето одлука што да облечете.
- Кога сме оптоварени со опции, се соочуваме со „парадоксот на изборот“. Тоа не се однесува само на облеката, туку и на разни животни ситуации. Големиот број опции може да предизвикаат проблеми. Со други зборови кога ќе се соочиме со преголем број можни избори, нашите и онака приоптоварени мозоци доаѓаат под дополнителен стрес и тоа ни предизвукува дополнителна загриженост, вели психологот Џо Хемингс.
За намалување на овој непотребен дополнителен стрес Хемингс предлада прередување на плакарот и отстранување на облеката, што повеќе не сакате да ја носите.
- Ако не ви помогне ниту тоа, тогаш најдобро е изборот за тоа што ќе го облечете следното утро, да го направите претходната вечер, додава Хемингс.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
