Големи поплави во Њујорк
Силната бура што го зафати Њујорк донесе рекордни врнежи од дожд. Големите количини на вода ги поплавија градските метро станици, канализациониот систем, подрумите во зградите и улиците во најнаселениот град во САД.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон како најтешко погодени од поплавите, службите на тере ги извлекуваат граѓаните
„Овде сме повикани во селото Мамаронек да извршиме потрага по жртвите заробени од поплавите. „Жителите во оваа област веројатно се некаде од неколку стотици до можеби илјада или нешто повеќе, ако се тука, ние се обидуваме да го утврдиме тоа. Да. Луѓето се спасени од локалната противпожарна служба веќе од различни места низ селото“, вели Даглас Стилер, шеф на специјални операции за услуги за итни меѓународни области Вестчестер.
Невремето откажа над 250 летови, целосен прекин на њуроршката подземна и на приградската железница и прекин на струјата.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар