Голема воена парада во Кина по повод 70-годишнината од победата на револуцијата
Кина на 1 октомври ќе организира голема воена парада во Пекинг по повод 70-годишнината од победата на револуцијата и формирањето на Народна Република Кина, што се смета за демонстрација на сила во моментот кога постои закана од интервенција во Хонг Конг, каде повеќе од два месеца траат антивладини протести.
Кина традиционално организира парада секои десет години, на годишнината од влегувањето на комунистичките трупи во Пекинг во 1949 година и прогласувањето на Народната република на плоштадот Тинамен од страна на Мао.
– Воената парада ова година ќе биде поголема од тие што беа организирани за 50 и 60-годишнината и од парадата со која беа одбележани 70 години од завршувањето на Втора светска војна, изјави денеска генерал Каи Зидјун.
Предвидено е и кинескиот претседател Си Џинпинг да одржи говор.
Кинеската Народно-ослободителна армија, со околу два милиони припадници, ќе го покаже новото вооружување, што во целост е произведено во Кина.
Генералот Каи посочи дека на парадата не треба да се гледа како на порака упатена на која било држава.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори