-->
-->
Голема трагедија утринава - Дете застрелано во главата
-->

Голема трагедија го потресе Неготин во Србија, каде почина 16-годишно девојче. Детето утринава било донесено во болница со прострелна рана во главата, а иако лекарите дале се што можат да го спасат животот, за жал девојчето им подлегнало на повредите.
- Девојчето беше примено со прострелна рана во главата направена со пиштол, во многу тешка состојба. Дадовме се од себе, пробавме да го реанимираме детето, но безуспешно, велат од болницата за српските медиуми.
Неофицијално, шестнаесетгодишната К.А. и нејзиниот брат дома нашле пиштол и во еден момент тој испукал, по што девојчето крваво паднало на подот.
Истрагата е во тек, таа ќе ги даде одговорите за трагедијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
