Голема трагедија - Ангелка која загина во невремето била мајка на три деца
Голема трагедија го потресе Нови Сад кога жена, инаку мајка на три деца, загина откако поради силното невреме кое беснееше, падна дрво на нејзиниот автомобил и ја усмрти.
Несреќната 43-годишна Ангелка Савиќ, го загуби животот завчера во краткото но силно невреме во Нови Сад, кога на нејзиниот автомобил марка Фиат паднало дрво. Со неа во автомобилот на совозачкото место се наоѓал и нејзиниот татко, кој е повреден.
- Сите сме во шок, ова е страшно, нашата Ангелка да настрада на ваков начин. Живееше сама, таа е самохрана мајка на три деца, велат соседите, што ја прави трагедијата уште поголема.
Семејството на жената е во шок.
Инаку, невремето во Нови Сад беше страшно, град, силен ветер, уништени возила, расфрлани предмети направија хаос и за жал одземаа и живот.
Ново на Сител
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не
-
Дезинсекција против комарци – каква е ефикасноста, колку често треба да се врши и зошто е важна?
-
Ангелов: И денеска најкритично е на Јасен и кај Јегуновце
-
Пазарите преплавени со фалсификуван мед