Живот
5. November 2018 - 15:57

Голема тага и болка: Неколку часа по победата фудбалерите на Лестер допатуваа на погребот на нивниот сопственик во Тајланд

Еден ден по победата на Лисиците во Кардиф со 1:0 тие заминаа во Тајланд да му оддадат почит на нивниот „шеф“.
 
Во Банкок, главниот град на Тајланд допатуваа фудбалери и стручен тим на фудбалскиот клуб Лестер Сити за да му оддадат последна почит на нивниот сопственик, Вичај Шриваданапраба, кој загина во пад на хеликоптер.
 
Погребот започна вчера, а според информациите, сите погребни обичаи ќе траат се до 9 овој месец.
 
Менаџерот Клод Пуел, капитенот Вес Морган, напаѓачот Џејми Варди, дефанзивецот Хари Мекгваер и голманот Каспер Шмајхел се во делегацијата која е во Банкок.