Голема полициска акција во 19 градови - уапсени претседатели на општини, директори и функционери
Во тек на полициска акција во Србија , наречена „Сигнал„ која е спроведена утрово во 19 градови уапсени се 74 лица поради сомнение дека го оштетиле буџетот на локалната самоуправа на Војводина за две милијарди динари- изјавил министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
Поднесени се кривични пријави на уште 46 други лица а по три полицијата трага.
-осомничени се за повеќе кривични дела кои ги правеле за време на своите функции, како на пример: перење на пари, затајување на данок, злоупотреба на функција и давање на мито, како и фалсификување на пари- наведе во соопштението министерот Стефановиќ. Министерот додаде дека се уапсени и двајца службеници и двајца поранешни претседатели на општини, 14 поранешни и сегашни директори на државни и приватнии фирми , а поднесени се и многу кривични против функционери н локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ
-
Шукова: Скопје ќе биде зелен град
-
Ѓорѓиевски: Нова сообраќајна инфраструктура во Скопје
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога