Голема полициска акција - уапсени 50 лица поради криумчарење со дрога

Австриската полиција уапсила 50 лица и запленила дрога, со што е прекинат ланец за криумчарење со наркотици.
Австриската полиција наведе дека меѓу уапсените се 10 лица кои се осомничени за увезување на дрога во Виена од Холандија, Нигерија и Камерун, како и три лица кои се осомничени за организација, а биле екстрадирани од Холандија во Австрија.
Меѓу уапсените се и две лица кои признале дека ограбиле банка во Австрија.
По тригодишната истрага, австриската полиција запленила 17 килограми кокаин, четири килограми хероин, како и марихуана и амфитамини во вредност од околу 100.000 евра.
Австриската полиција додаде дека се пронајдени докази оти тој ланец досега извршил криумчарење на околу 56 килограми хероин и кокаин, чија улична вредност е најмалку шест милиони евра. см/ 21:17
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
