Голема кражба од вагон на Табановце

Полициски службеници од полициската станица Табановце –железнички премин вчера во 13:15 часот телефонски во СВР Куманово пријавиле тешка кражба од вагон од композиција, која сообраќала на релација Богородица-Табановце.
По овластување од јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што е констатирано дека при преглед на српски транзитери-царински посредници било забележано дека недостасува пломба и крилото од еден контејнер било отворено.
При извршениот преглед, во присуство на царински работници, утврдено е дека од контејнерот недостасуваат 52 компјутери без монитори марка „ХП“.
Според нивната документација во истиот контејнер требало да има 42 кутии или вкупно 1.212 компјутери.
Извршени се разговори со лица затекнати на местото на настанот и засега не се знае точната локација каде била извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
