Македонија
28. August 2015 - 16:35

Голема Богородица се одбележа во сите храмови на МПЦ, Архиепископот Стефан одржа богослужба во манастирот во матка

Со вечерна литургија во сите православни храмови почна чествувањето на еден од најголемите празници за христијаните Успение на Пресвета Богородица. Верниците масовно го слават денот кога Мајката Божја  воскреснала или заминала од земскиот свет во вечноста. ОД рано в зори верниците дојдоа на света причест , да запалат свеќа и да се поклонат пред Богородица со молитва за здравје и бериќет. Манастирот кој се наоѓа под живописните карпи на кањонот Матка и годинава  традиционално преполн. Редици граѓани се искачуваа за да присуствуаат на златоустивата литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ г.г Стефан. 

Народот верува дека таа е заштитничка на леунките, мајките, жените и чедата. Скопјани пак ја слават како заштитник на градот кој во минатотo претрпел големи катастрофи.

На празникот познат како Голема Богородица му претстоеше двонеделен пост. Верниците  земаа осветена вода и осветуваа погачи за куќна слава. Меѓу најпосетените цркви денеска беше и Пресвета Богородица во центарот на градот.

Пресвета Богородица е меѓу најзначајните светителски фигури во православниот свет на која и се посветени голем број храмови,а нејзиниот лик се наоѓа и на многу чудотворни икони.Празнувањето на Мајката на животот е еден од 12те поголеми христијански празници.