Балкан
20. August 2015 - 11:10

Голема антитерористичка акција на полицијата во Истанбул

Истанбулската полиција рано изутринава спроведе голема антитерористичка операција во градот против екстремно левичарски групи, еден ден по инцидентот пред канцеларијата на премиерот.

Повеќе осомничени лица се уапсени во полициските рации во квартовите Сариер и Балталимани, кои се наоѓаат во европскиот дел на Истанбул.

Акцијата е спроведена против Револуционерната партија-Фронт за ослободување на народот, тајна радикална група која синоќа презеде одговорност за нападот врз полициски пункт пред влезот на палатата Долмабахче во Истанбул, каде се наоѓа и канцеларијата на премиерот Ахмет Давутоглу.

Двајца напаѓачи фрлиле експлозивна направа, откако стрелале со автоматски пушки кон полицајците.

Тие се уапсени додека бегале кон зградата на германскиот Конзулат, јавија турските медиуми.