Голема антитерористичка акција на МВР
Продолжува операцијата „Келија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава, дознава КУРИР.
Како што дознава КУРИР од полициски извори, врз основа на добиени Наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје и 1 во Тетово кај вкупно 6 лица.
Според инфомрациите до кои дојдовме, за време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Буњамин Г., Фарук И., Ергин У. од Скопје и Мустафа М. од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Р. од Скопје и Сулејман И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.
Дополнително, за лицето Бурхан С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.
Како што дознаваме, од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.
Ново на Сител
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста