Голема акција за апсење во БиХ и Словенија поради перење пари
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница.
Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Претресите се вршат по наредба на Судот на Босна и Херцеговина и под надзор на Обвинителството на БиХ во соработка со полициските службеници на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево и Зеничко-добојскиот кантон.
Тие активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на БиХ и Специјалното обвинителство и полицијата, што започна во февруари минатата година.
Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција спроведена од полициски службеници на СИПА во Босна и Херцеговина, денеска почнаа претреси и во Словенија на повеќе од 70 локации, во чии рамки е планирано да бидат уапсени над 50 лица, јавија сараевските медиуми.
Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на банкарски сметки и сефови.
Ново на Сител
-
СПМ: Предложените теми сметаме дека се со големо задоцнување и веќе се депласирани
-
Спасена дива мечка од стапица во атарот на село Брајчино | ВИДЕО
-
Функционер од Индија испразнил брана за да го најде мобилниот телефон
-
Словенецот Роглич на чекор до триумф на Џиро Д'Италија
-
Додик: Со Путин разговарав повеќе од еден час, за РС постојат два правци
-
Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите
-
Шаќири: Дел од реформата за основно образование е спојување на предметите
-
ДУИ: Го поздравуваме усвојувањето на законите за коридорите и тие ќе се градат