-->
-->
Голема акција на полицијата, паднаа дилери на оружје
-->
Речиси 60 лица се уапсени при заедничка операција на 19 земји, европската гранична служба Фронтекс и Европол за спречување на шверц на оружје во Западен Балкан, јави ТАСС, повикувајќи се на информации од Европол.
При операција, што траела три денови, биле проверени 219.000 лица и 14.800 автомобили, запленети се 48 парчиња огнено оружје, 833 парчиња муниција, четири рачни гранати и околу 500 грама експлозив.
Освен тоа, во четири земји се запленети околу 505 килограми марихуана и одредена количина на синтетички наркотици.
Вкупно во земјите на Западен Балкан се уапсени 58 лица, а на 127 им е дадена забрана за премин на границата на различни контролни пунктови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење